Утрински Весник
Македонија

Од 15 до 30 минути чекање на ГП Богородица и Дојран за излез и на ГП Табановце за влез во државата

Од 15 до 30 минути чекање на ГП Богородица и Дојран за излез и на ГП Табановце за влез во државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Богородица и Дојран за излез и на ГП Табановце за влез во Македонија чекањето е 15-30 минути. На другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова псобено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Експерти утврдиле девет непотребни операции на срце, наодите се уште не се кај обвинителите

За два часа шест приведувања на турски државјани во Аеродром поради нерегулиран престој

Филипче се сомнева дека Славески бил избран за гувернер за да го овозможи влезот на АЛТА банка