Утрински Весник
Македонија

Зградата на МНР осветлена во боите на НАТО

Зградата на МНР осветлена во боите на НАТО

Зградата на Министерството за надворешни работи е осветлена во боите на НАТО во пресрет на одбележувањето на две годишнината од нашето членство во Алијансата.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на социјалните мрежи напиша дека да се биде дел од трансатлантското семејство, особено во овие времиња на геополитичка нестабилност, е значајно постигнување и цврста гаранција за нашата безбедност и просперитет.

„Северна Македонија е на заедничка маса со најразвиените демократии во светот и е активен чинител во глобалните безбедносни политики. Со нашите НАТО партнери сме обединети и одлучни заеднички да одговориме на актуелните безбедносни предизвици предизвикани од инвазијата на Русија во Украина и да го дадеме својот придонес за зачувување на светскиот мир и стабилност“, напиша министерот.

Можете да прочитате

Искра Хаџи Василева доби најмногу гласови за нова шефица на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Неофицијално: Искра Хаџи Василева освои најмногу гласови за шеф на Обвинителството за организиран криминал

Ги врзувале, тепале и ограбувале за пари и злато: Нови детали за двете убиства во Скопје