Утрински Весник
Македонија

За набавка на вакцини против Ковид-19 издвоени се 390 милиони денари

Во скопските ковид-центри хоспитализирани уште 48 лица, деновиве почнува прием и на Клиниката за уво, нос и грло

Државата издвои 390 милиони денари за набавка на вакцини против Ковид-19 кои ќе бидат искористени во текот на годинава.

Владата на денешната седница ја прифати Предлог-програмата на Министерството за здравство за задолжителна имунизација на населението во Северна Македонија за 2021 година во која е содржан план за обезбедување на годишни потреби на вакцини за задолжителна имунизација и вакцини по епидемиолошки индикациии.

Во програмата се опфатени возрасните групи подложни за пoeдини вакцинации, видот на вакцини кои се даваат и начинот на давање, календарот за имунизација на деца од 0 до 18 години и Календарот за catch-up имунизација за нередовно вакцинираните деца од 5 до 18 година.

„Вкупно одобрените финансиски средства за оваа програма изнесуваат 805.000.000,00 денари од кои 415.000.000,00 денари се наменети за обезбедување на потребните количини вакцини за континуирана вакцинација, минимум потребни резервни дози на вакцини и имуноглобулини по епидемиолошки индикации, а 390.000.000,00 денари за набавка на Ковид-19 вакцини“, наведува Владата по денешната седница.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски до Беџети: Никој нема против албанскиот јазик, секој граѓанин се цени подеднакво

Пензионер измамен за 4000 денари на плоштадот во Скопје

19 годишно момче загина во сообраќајка во Прилеп