Утрински Весник
Македонија

Засадени 80 садници на парцелите во Трговскиот центар во Кочани

Засадени 80 садници на парцелите во Трговскиот центар во Кочани
Img 5587

Кочани, 17 март 2019 (МИА) – Осумдесет садници од видот „туја“ денеска беа засадени на парцелите во Трговскиот центар во Кочани, како дел од проектот за негова реконструкција.

На работниците од РЕ „Паркови и зеленило“, кои ги реализираат хортикултурните активности, им се придружија градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, директорот на КЈП „Водовод“, Андреј Киров и претседателот на Ротари-клубот Кочани-Виница, Венко Лазаров, кои симболично засадија неколку садници.

Img 5587

– Новата зелена маса е донација од Ротари клубот Кочани-Виница, со која го поздравуваме гестот на градоначалникот за реконструкцијата на Трговскиот центар и благодариме за соработката што ја имаме со Општината, посебно за напортире за засадување што повеќе дрвја во нашата околина. Првичната идеја ни беше оваа акција за озеленување на Трговскиот центар да ја реализираме заедно со сите ротаријанци од Кочани и Виница, но поради актуелната состојба со коронавирусот, ги почитуваме мерките за заштита, истакна Лазаров.

Градежните работи за реконструкција се на самиот крај, односно претстои уште вградувањето на подните ЛЕД-светилки и рефлектори и поставувањето на комуналната и на урбаната опрема.

Со реконструкцијата на плочникот во Трговскиот центар е опфатена површина од 2.800 квадратни метри квадратни, при што на местото на отстранетите бетонски плочки се поставија гранитни, нелизгави плочки.

За целиот проект Локалната самоуправа на Кочани обезбеди 14 милиони денари од општинскиот буџет, при што рехабилитирана е една од најпрометните пешачки зони а граѓаните добиваат поголема слобода во просторот и нов урбан амбиент. та/дма/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Овие пет хороскопски знаци се најголемите нарци

ВИДЕО: Се запали казино во Охрид

Агим Красниќи и уште тројца други македонски државјни уапсени во Косово