Утрински Весник
Македонија

Заев: Скопје никогаш нема да заборави на жртвите од земјотресот и солидарноста по него

Заев: Скопје никогаш нема да заборави на жртвите од земјотресот и солидарноста по него

Катастрофалниот земјотрес пред 58 години за само 20 секунди го запре животот на Скопје, и им го одзеде животот на над илјада скопјани, напиша на „Фејсбук“, премиерот Зоран Заев.

„Во 5 часот и 17 минути беа урнати 15.800 станови, оштетени 28.000, а над 200.000 луѓе остана без покрив над глава. Денот на сеќавањето на скопскиот земјотрес е и ден кога им изразуваме благодарност на сите кои со љубов и солидарност учествуваа во споделувањето на болката со преживеаните и што учествуваа во обновата на градот“, истакнува премиерот.

Тој нагласува дека Скопје прераснал во град на солидарноста, место на кое се обединиле пораките и молитвите за поддршка и за споделување на болката, за загубата.

„Скопје во својата долга историја никогаш не ги заборавал жртвите и своите граѓани и затоа и денеска, 58 години потоа, се сеќаваме на починатите во земјотресот и им оддаваме достојна почит“, порача премиерот.

Можете да прочитате

Кривична пријава за дрвокрадец од Прилеп

За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код

(Видео) Штекли осуден на осум години затвор