Утрински Весник
Свет

„Еуроактив“: Вашингтон го зголемува притисокот врз Софија за евроинтеграцијата на Скопје

„Еуроактив“: Вашингтон го зголемува притисокот врз Софија за евроинтеграцијата на Скопје

Вашингтон го зголемува притисокот врз Бугарија, барајќи од неа да се откаже од ветото за интеграција на Северна Македонија во ЕУ и брзо да ја одобри преговарачката рамка на Скопје за членство во Унијата, пишува „Еуроактив“.

„Погрешно е Бугарија да користи билатерален спор за да ги запре аспирациите на Северна Македонија кон ЕУ. Тие го претвораат ова во мултилатерално прашање што не’ засега сите нас“, рече новиот специјален пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Според него, понудени се некои „добри решенија“ за решавање на прашањето и Вашингтон ќе продолжи да ја притиска Софија да најде компромис.

Ескобар, исто така, рече дека би сакал пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија да се случат оваа година, додавајќи дека двете земји го заслужија тоа.

Вашингтон ја поддржува интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ како начин за спречување на зголеменото влијание на Кина и Русија во регионот.

Можете да прочитате

Беснеат пожари во Шпанија и Франција, евкауирани над 300.000 луѓе

Напад на Парадата на гордоста во Берлин, едно лице загина

Сообраќајка на автопат во Германија, над 30 повредени