Утрински Весник
Култура

„Есенски балетски колаж“ во Националната опера и балет

„Есенски балетски колаж“ во Националната опера и балет

На сцената на Националната опера и балет на 8 октомври со почеток во 20 часот ќе се одржи балетски концерт„Есенски балетски колаж“.

Балетскиот концерт ќе ги опфати најубавите балетски дела „Ана Каренина“, „Заспаната убавица“, „Болеро“, „Оревокршачка“, „Дамата со камелии“ и „Евгениј Онегин“.

Репетитори: Горан Божинов, Александра Мијалкова, Лора Тарчуговска ,Саша Евтимова Режисер: Oлга Панго и Дејан Прошев Видео дизајн: Емил Петров Светло дизајн: Милчо Александров

Настапуваат првенците, солистите и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.

Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против Ковид-19 или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Задолжително е носење на заштитна маска.

Билетите се пуштени во строго ограничен број!

Текстот „Есенски балетски колаж“ во Националната опера и балет е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“