Утрински Весник
Свет

ЕМА: Вакцини против омикрон може да се одобрат за три месеци

ЕМА: Вакцини против омикрон може да се одобрат за три месеци

Европскиот медицински регулатор денеска објави дека може да одобри вакцини приспособени за заштита од омикрон варијантата на коронавирусот за три до четири месеци доколку е потребно, додавајќи дека постоечките вакцини ќе продолжат да обезбедуваат заштита.

Извршната директорка на Европската агенција за лекови (ЕМА), Емер Кук, се обрати пред Европскиот парламент и рече дека сè уште не е познато дали производителите ќе мора да ги приспособат своите вакцини против омикрон, но додаде дека ЕМА се подготвува за таа опција.

„Доколку има потреба да се менуваат постојните вакцини, ќе бидеме во можност да ги одобриме за три до четири месеци“, рече Кук.

„Компаниите кои ги прилагодуваат своите формули за да вклучат ново секвенционирање (…) ќе мора да покажат дека системот за производство функционира, а ќе мора да спроведат и некои клинички испитувања за да утврдат дека тоа функционира во пракса“, додаде таа.

Во февруари, ЕМА објави нови упатства за забрзување на процесот на одобрување за производителите кои ги менуваат своите вакцини за да ги направат ефективни против новите варијанти.

Омикрон споделува неколку клучни мутации со претходните две варијанти – бета и гама, што ги прави поотпорни на вакцините.

Можете да прочитате

Тројца спасувачи кои трагаа по хеликоптер на Раиси исчезнаа

Со дронови се бара хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси по тешко слетување

Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан