Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски да се извини на народот за трошење на нивните пари

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски да се извини на народот за трошење на нивните пари

Пендаровски троши народни пари за себепромоција, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија наведуваат дека Стево Пендаровски нарачувал и плаќал со пари на граѓаните, а со вработените од неговиот кабинет се фалел дека бил човек од народот.

Претседателскиот центар за политичка соработка заедно со граѓанско здружение изработил анкета со која со народни пари, Стево Пендаровски се фали сам себе.

Претседателскиот центар се финансира со буџетски пари на граѓаните и е наменет за работи кои ќе имаат општа полза, а не за кампања за кревање на рејтингот на Стево Пендаровски, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека граѓаните очекуваат од Пендаровски да даде решенија и правци за излез на државата од кризите, а не да ги троши нивните пари на политички маркетинг.

„Очекуваме Пендаровски да се извини на народот за ова трошење на нивните пари за себепромоција”, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Приказната за „Силјан Штркот“, која е дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, оживува и во нова сликовница

ВЛЕН: Блиските на Артан Груби тргнаа против ДУИ

Кривична пријава против двајца турски државјани, со закани присилувале татко и син да им продадат 43 кг злато по далеку пониска цена