Утрински Весник
Македонија

ЕК не потврдува состанок Вархеји – Западен Балкан на 30 април

Вархеји: ЕУ подготвува економски план за развој на Западен Балкан

Брисел, 28 април 2020 (МИА) – Портпаролката на Европската Комисија, Ана Писонеро, за МИА изјави дека нема информација за средба помеѓу еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и министрите за надворешни работи од Западниот Балкан, јави дописничката на МИА од Брисел.

Информацијата ја објави Ал Џазира Балкан повикувајќи се на дипломатски извори, но од кабинетот на еврокомесарот не се запознаени со ваква видеоконференција, чија цел, според Ал Џазира, е да се подготви претстојниот видео самит помеѓу ЕУ лидерите и лидерите од западниот Балкан.

-Немаме никаква потврда, но секако дека ќе има секакви контакти за да се подготви самитот на шести мај, но нема потврда за ваква специфична видеоконференција, изјави Ана Писонеро.

Шефот на портпаролската служба на Европската Комисија, Ерик Мамер, најави дека утре на дневен ред на редовниот колеџ на еврокомесарите ќе се дебатира за самитот ЕУ-Западен Балкан и начинот на кој Европската Унија придонесува во регионот.тм/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание