Утрински Весник
Свет

Европската комисија одобри договор за набавка на вакцини и со CureVac

Европската комисија одобри договор за набавка на вакцини и со CureVac

Европската комисија одобри договор со европската фармацевтска компанија CureVac за обезбедување почетно купување 225 милиони дози вакцини против Ковид-19 во име на сите земји членки на ЕУ, со можност да порача до 180 милиони дополнителни дози, што треба да бидат доставени кога ќе се открие дека вакцината е безбедна и ефикасна.

Ова е петти договор што Комисијата го потпиша со фармацевтски компании за набавка на вакцини за сите земји членки. Претходно, беа потпишани договори со AstraZeneca, Sanofi-GSK, Janssen Pharmaceutica NV и BioNtech-Pfizer, а беа склучени прелиминарни разговори со Moderna.

Ова треба да осигури дека Европа е добро подготвена кога вакцините ќе се покажат безбедни и ефикасни.

CureVac, германска компанија, беше меѓу првите компании што почнаа со развој на вакцина против коронавирусот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ИРГК: Иран изврши целен напад врз израелски владин кампус

Неколку илјади граѓани на ЕУ сè уште се во Иран, многумина не сакаат да заминат

Глобален авио-хаос: Стотици илјади патници блокирани по затворањето на небото над Блискиот Исток