Утрински Весник
Балкан

Дачиќ во животна опасност на механичка вентилација, следните 72 часа се клучни вели Др Поповиќ

Img 8881.jpeg

Министерот за внатрешни работи на Србија и лидер на СПС, Ивица Дачиќ, се наоѓа во тешка здравствена состојба и е хоспитализиран на Клиниката за пулмологија во Клиничкиот центар на Србија, потврди доктор Спасоје Поповиќ, помошник-началник на клиниката.

Според Поповиќ, Дачиќ моментално се лекува на одделението за интензивна нега, каде е приклучен на механичка вентилација и прима целосна медицинска терапија.


„Тој е во многу сериозна состојба, се наоѓа на интензивна нега, на механичка вентилација и ги прима сите потребни лекови. Во овој момент се бориме за неговиот живот“, изјави Поповиќ за телевизијата Информер, додавајќи дека подетални информации за здравствената состојба се очекуваат во наредните денови.

Лекарите посочуваат дека Дачиќ бил примен во значително влошена општа состојба, поради што било неопходно итно приклучување на апарати за дишење, со цел да им се овозможи на белите дробови да се стабилизираат.

„Кислородот во неговата крв беше многу низок. Немавме друг избор освен да го поврземе на механичка вентилација за да купиме време белите дробови да се одморат“, објасни Поповиќ.

Тој додаде дека во одреден момент Дачиќ кратко дишел без апарат, но состојбата повторно наложила примена на механичка вентилација.

Според лекарскиот тим, следните 72 часа ќе бидат клучни за понатамошниот тек на лекувањето и прогнозата за закрепнување.

Можете да прочитате

Владиниот совет за национална безбедност на Грција ги одобри грчката „Железна купола“ и уште десет програми за вооружување

Комарците носат нова закана во Грција – 21 лице заразено со вирусот Западен Нил

Невреме во регионот – Гром усмрти околу 30 овци во БиХ, предизвикан и шумски пожар кај Макарска