Утрински Весник
Македонија

Почина сопругот на министерката Весна Јаневска – проф. д-р Владо Јаневски

E33a89de 07a1 4ca7 b82f 759f57826dbe.jpeg

По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст денеска почина познатиот хирург, професор и доктор Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Јаневски важеше за истакнат медицински професионалец кој зад себе остави длабока трага во областа на хирургијата и медицинската едукација. Во текот на својата долгогодишна кариера, тој беше препознаен по својата посветеност кон пациентите, но и по ангажманот во едукацијата на нови генерации лекари.


Своето знаење и искуство ги пренесе на бројни млади доктори и хирурзи, кои денес работат во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и во повеќе приватни здравствени установи низ државата. Колегите и соработниците го опишуваат како врвен професионалец, строг но правичен ментор и човек со голема хуманост.

Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 1 март, во 11:00 часот, во капелата во Бутел, каде семејството, пријателите, колегите и почитувачите ќе можат да му оддадат последна почит.

Можете да прочитате

Во две недели спречени четири обиди за криумчарење злато

Јовановски: Ивана ми призна дека под уцена му го дала резервниот клуч на Саздов за да ми ја подметне дрогата во возилото

Кривична пријава за в.д. директорка на Национален парк „Галичица“ за „несовесно работење во службата“