Утрински Весник
Свет

Во Италија во последните 24 часа најголем број починати од април

Во Италија во последните 24 часа најголем број починати од април

Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починаа 731 лице, што е најголем број на смртни случаи од 3 април. Потврдени се 32.191 нов случај, што е речиси за 5.000 повеќе од претходниот ден, соопшти италијанското Министерство за здравство.

Тестирани се 208.458 лица.

Италија е најпогодената европска земја од вирусот со 46.464 смртни случаи.

Најголем број случаи во последните 24 часа се потврдени во регионот Ломбардија – 8.448, двојно повеќе отколку вчера.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пожарите во Франција и Шпанија не стивнуваат, евекуирани над 220 илјади луѓе

Германскиот индустриски сектор секој месец се губи 15.000 работни места

Трамп ѝ се закани на ЕУ: „САД не се ваша касичка, ќе платите многу висока цена“