Утрински Весник
Свет

Неколку илјади граѓани на ЕУ сè уште се во Иран, многумина не сакаат да заминат

20260302095607 big 730x400 22.webp.webp

Неколку илјади државјани на една од земјите-членки на ЕУ се уште се наоѓаат во Иран, изјави висок функционер на ЕУ за проценките на европските служби. 

Многумина од нив имаат и иранско државјанство и не мора нужно да ја напуштат земјата, додаде функционерот.


Точниот број на оние што бараат евакуација не е објавен.

Се проценува дека многу поголем број државјани на ЕУ се заглавени во земјите околу Иран поради откажувања на летови предизвикани од затворањето на воздушниот простор.

За да им помогне, Европската Унија активираше мрежа за конзуларна соработка дизајнирана за поефикасно координирање на напорите за евакуација.

Можете да прочитате

Пожар на американски носач на авиони

Европа се соочува со сериозна енергетска криза

Трамп изјави дека Израел и Либан се договориле за 10-дневен прекин на огнот