Утрински Весник
Свет

Европа е поблиску до војна од кога и да е во последните 30 години, предупредува полски министер

Европа е поблиску до војна од кога и да е во последните 30 години, предупредува полски министер

Во моментот Европа е поблиску до војна од кога и да е во последните 30 години, предупреди полскиот министер за надворешни работи за време на третата рунда разговори оваа недела со цел да се намалат тензиите околу барањето на Русија никогаш да не ѝ се дозволи на Украина да се приклучи во НАТО.

Обраќајќи им се на претставниците на 57-те членки на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ), Збигњев Рау директно не ја спомена Русија, но наведе голем број конфликти во кои наводно е вмешана Москва.

„Заканата од војна во просторот на ОБСЕ се чини дека е поголема од кога било во последните 30 години“, рече Рау во говорот во кој ги истакна приоритетите на неговата земја како претседавач со организацијата оваа година.

„Веќе неколку недели се соочуваме со можност за голема воена ескалација во Источна Европа“.

Полска е меѓу најгласните членки на НАТО кога станува збор за соочување со она што тие го сметаат за ревизионистички амбиции на Русија во Источна Европа.

„Треба да се фокусираме на мирно решавање на конфликтот во и околу Украина“, додаде Рау, повикувајќи на целосно почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и единството на Украина во нејзините меѓународно признати граници.

Русија распореди околу 100.000 војници во близина на границите со Украина, која веќе се бори против сепаратистите поддржани од Москва на нејзиниот исток. Русија го анектираше украинскиот регион Крим во 2014 година.

Можете да прочитате

САД: Можни се терористички напади врз претставници на ЛГБТ заедницата ширум светот

Тројца странски туристи и еден Авганистанец убиени од вооружени лица во Авганистан

„Тесла“ ќе отпушти 600 вработени во Калифорнија