Утрински Весник
Спорт

Вујовиќ: Само Франција може да им се спротивстави на Скандивците

Вујовиќ: Само Франција може да им се спротивстави на Скандивците
Img 5587

Словачка и Унгарија од денес се домаќини на 15.Европско првенство во ракомет. Ова првенство е второ на кое учествуваат 24 репрезентации, поделени во шест групи. Македонија е во група со Словенија, Данска и Црна Гора.

Фаворити за медали се скандинавските селекции, Франција, Шпанија, Германија, Унгарија, но јасно е дека коронавирусот ќе го крои пласманот.

300x250 (7)

Поранешниот тренер на Вардар 1961, Веселин Вујовиќ, за „Спортклуб“, прогнозира дека само Франција може да им се спротивстави на репрезентациите од Скандинавија.

„И покрај тоа што се во изменет состав Французите повторно се јаки. Само тие можат да им се спротивстават на Скандинаците. Сепак, треба да се каже дека најголем фаворит ќе биде онај кој ќе има најмалку заразени. Данска, Норвешка и Шевдска, во моментов играат ракомет кој е пред сите во Европа.
Данците со враќањето на Лауге добија многу, во Гитсел добија извонреден десен бек, тука секако е и Хансен, кој во репрезентацијата игра многу подобро него во клубот, па голманот Ландин…Тоа е репрезентација која има систем, има сѐ.
Скептик сум за Шпанија. Ги нема Сармијенто, Ентрериос, Душебаев, а Македа и Гурбиндо се далеку од сериозни десни бекови за еден ваков турнир. Не ми делуваат дека се способни да освојат медал. Германците секогаш се добри, нив најлесно можете да го следите, сите играат во домашниот шампионат, од сенка може да се закани Унгарија, која е домаќин, може и Словенија да направи нешто и покрај тоа што селекторот Врањеш се наоѓа под голем притисок. Полска е мистерија за сите, а навистина ме интересира како ќе изгледа Македонија со Кирил Лазаров како играч и селектор“, рекол Вујовиќ.

Македонија, од 18 часот во Дебрецин, ќе го започне натпреварот со Словенија. Во сабота, во истиот термин, Македонија ќе игра против Црна Гора, а на 17.јануари од 20.30 часот на програмата е дуелот со Данска.

> Вујовиќ: Само Франција може да им се спротивстави на Скандивците <

Ss1

Можете да прочитате

Синер го откажа настапот во Рим поради повреда на колкот

Серхи Роберто ќе потпише нов договор со Барселона

Пол-позицијата на Ферстапен пред спринт трката во Мајами