Утрински Весник
Спорт

Евролига: Барселона го понижи Фенербахче!

Евролига: Барселона го понижи Фенербахче!

Барселона ја „уништи“ одбраната на Фенербахче за да ги совлада со 97:55 во осмото коло на Евролигата за да се зацврстат на првото место на табелата со шеста победа во низа за 7-1 скор.

Тимот на Шарунас Јасикевичиус веднаш почна со доминацијата, правејќи предност од 51:29 на полувреме, за да му го нанесат на Фенербахче вториот најлош пораз во историјата на натпреварувањето (по 101:58 поразот од Монтепаски Сиена во 2009/10).

Кајл Кјурик заврши со 25 поени, Роландс Смитс додаде 20 поени и 5 скока, а Никола Миротиќ блесна во првото полувреме со 16 поени 8 скока. Кај тимот на Игор Кокошков, само Лоренцо Браун беше двоцифрен со 10 поени, 2 асистенци и 2 скока.

Убедлива победа остварија и Макаби Тел Авив од 85:57 над литванскиот Жалгирис, во доминантен натпревар за да го подобар скорот ан 3-5. Победникот беше решен уште во првото полувреме – Макаби имаше 24:14 во првата четвртина, а во втората имаше уште подобри 29:9. Тајлер Дорси беше најефикасен со 16 поени, Крис Џонс постигна 15, додека за Жалгирис, Томас Вокап беше најдобар со 12 поени.

ЕВРОЛИГА, 8.КОЛО

ЦСКА Москва – Басконија 89:86 (23:16, 24:19, 19:23, 23:28)

Олимпијакос – Алба Берлин 75:71 (10:22, 14:13, 27:9, 24:27)

Макаби Тел Авив – Жалгирис Каунас 85:57 (24:14, 29:9, 19:21, 13:13)

Барселона – Фенербахче 97:55 (28:17, 23:12, 18:9, 28:17)

> Евролига: Барселона го понижи Фенербахче! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

18 млади репрезентативци одат на светско првенство со самофинансирање – за што служи Министерството за спорт, прашува Левица

Светската џудо елита викендов ќе се натпреварува во „Јане Сандански“

Интер Мајами го освои Купот Кампеонес, Меси го постигна својот 100. гол за клубот од МЛС