Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Во шест општини носителки се жени, ја зајакнуваме улогата на жената во општеството

ДУИ: Во шест општини носителки се жени, ја зајакнуваме улогата на жената во општеството

Демократската Унија за Интеграција на локалните избори ќе се натпреварува со 35 листи за советници и 19 кандидати за градоначалници, истакна на прес конференцијата Арта Билали Зендели од ДУИ. Таа меѓу другото кажа дека листите на ДУИ се содржани од докажани имиња од Граѓанскиот сектор, претставници од младите, жени и успешни личности од различни области.

Билали Зендели нагласи дека на овие избори во шест општини, како во Струга, Чаир, Шуто Оризари, Битола, Маврово и Куманово носителките на Листи за општинските совети се жени.

„Овие листи се објективна рефлекција на нашиот фокус во служба на граѓаните да бидат достојни кандидати за да бидат гласот на народот, кои ќе се грижат за принципиелната реализација на целта за квалитетен живот на сите граѓани на земјата. Како и секогаш, ја почитуваме адекватната застапеност на жените во политиката, го зајакнуваме гласот на младите во процесите на локалното одлучување во секоја општина, и ја унапредуваме на повисоко ниво соработката со граѓанското општество“, рече таа.

Додаде дека листите на ДУИ се состојат од професионални и компетентни личности во средината каде што живеат и работат.

Можете да прочитате

КРАЈ ЗА ГРЕШКИТЕ СО КАЗНИТЕ ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: МВР воведува задолжителна верификација на телефон и меил

Силни институции и активно вклучување на граѓаните – предуслови за одржлив систем за управување со отпад 

Тешко повреден работник на автопатот во градба Охрид-Кичево, му паднала бетонска цевка на ногата