Утрински Весник
Спорт

„Не дојдов да бидам мажоретка, дојдов да победувам“

„Не дојдов да бидам мажоретка, дојдов да победувам“

Кристијано Роналдо, во саботата, го започна вториот мандат во дресот на Манчестер јунајтед. Португалецот по 12 години се врати на „Олд Трафорд“, откако две сезони мина во Јувентус и десет во Реал Мадрид.

Роналдо не можеше да посака подобро деби во црвениот дрес. Со два гола го предводеше тимот до победата над Њукасл (4:1).

Англиските медиуми, го ископаа неговиот говор во соблекувалната пред овој натпревар. Заклучок е дека неговото присуство во тимот ќе биде само мотив повеќе за останатите играчи.

„Има две причини зошто се вратив во Манчестер јунајтед. Го сакам овој клуб. Го сакам победничкиот менталитет што го има клубот. Не дојдов овде за да бидам мажоретка“, им рекол португалскиот ас на соиграчите.

> „Не дојдов да бидам мажоретка, дојдов да победувам“ <

Можете да прочитате

Гроздановски: Талентите се губат поради притисокот од родителите во Македонскиот фудбал

Португалија разочара одигра нерешено со ДР Конго

СП 2026: Скандал – фудбалер бил уапсен поради местење натпревари