Утрински Весник
Македонија

Донации на меѓународните организации за зголемување на помошта на Црвениот крст

За една недела доделена помош за 360 лица во социјален ризик

Тетово, 15 јуни 2020 (МИА) – Во рамки на редовните активности на Црвениот крст за распределба на храна и хигиенски производи, голема помош за општинската организација во Тетово се и донациите од меѓународните организации па оттаму, поголем број граѓани добиваат неоходна помош. Како што велат од тетовскиот Црвен крст, од сопствени средства биле 56 поделени пакети со храна и хигиенски средства за социјално загрозени семејства, додека речиси 200 пакети се од помагачите од странство.

-Во текот на неделата примена е донација од 172 пакета со прехранбени артикли и хигисенски средства од УСАИД. Примена е и донација од седум пакети од UN WOMEN за жртви на семејно насилство кои се поделение во текот на денешниот ден, рече секретарот во општинската организација Шкљќим Мурати.

Волонтерите на Црвениот крст ги продолжиле и активностите за давање услуги односно купување намирници за стари и иземоштени лица како и распределување на онколошка терапија. Во изминатите седум дена 37 лица од тетовскиот регион дарувале крв во на Службата за трансфузиона медицина во Тетово во клиничката болница , информираат од тетовската организација на Црвениот крст во Тетово. ас/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Димитровски: Нашите позиции се јасни – реципроцитет во односите со Бугарија и историјата и идентитетот надвор од преговарачкиот процес

Кривичен: Осудениот Јане Боваровски за „Ласкарци“ согласно пресудата на Врховниот суд се ослободува од понатамошно издржување на казната затвор до донесување на нова одлука

Доказната постапка за „Државна лотарија“ почнува на 23 септември