Утрински Весник
Магазин

„Длабока вода“ ги подели критичарите

„Длабока вода“ ги подели критичарите

Еротскиот трилер „Длабока вода“, во кој главните улоги ги толкуваат  Бен Афлек и Ана де Армас, доби поделени критики пред неговото деби на „Хулу“ на 18 март.

Професионални критичари ја фалат хемијата на поранешната двојка, но се потсмеваат на плиткиот заплет.

Филмот, кој е во режија на англискиот експерт за трилери Адријан Лин, доби пофалби за изведбите на Афлек и де Армас, кои делумно беа снимени додека двајцата беа во врска.

Сепак, некои критичари сметаат дека заплетот е некарактеристично плиток во споредба со големите хитови на режисерот. Други го критикуваат дека ги пропуштил суптилностите на оригиналниот роман, напишан од Патриша Хајсмит („Талентираниот господин Рипли“).

Во позитивна рецензија за британски „Индепендент“, Кларис Лафри му даде на филмот четири од пет ѕвезди и забележа како поранешната врска на Афлек и Де Армас опстанува под површината на филмот како „намотан напон“.

Можете да прочитате

По East Gate Mall, BALFIN тргнува во нова експанзија – ќе гради пет ритејл паркови низ Македонија

Кога е време да размислите за користење слушен апарат? 

Дневен хороскоп за 17 Септември 2026 година