Утрински Весник
Спорт

Дињо, Роналдо и Бекам: Меси е подобар од Кристијано

Дињо, Роналдо и Бекам: Меси е подобар од Кристијано

Легендарните фудбалери Роналдињо, Роналдо и Дејвид Бекам се вклучија во вечната дебата, кој е подобар фудбалер Лионел Меси или Кристијано Роналдо.

Роналдињо играше со меси во Барселона, Тој му беше ментор на Аргентинецот, а неколку пати рекол дека требало подолго да бидат соиграчи.

„Меси или Роналдо? Меси. Жал ми е што не игравме повеќе време заедно. Беше многу млад. Би сакал да се вратам и уште еднаш да заиграм покрај него“, рекол Роналдињо и дополнил.

„Тој е најдобриот во историјата. Никој не е како него. Роналдо е комплетен фудбалер, има се, но јас повеќе го сакам стилот на Меси“.

И сонародникот на Роналдињо, оригиналниот Роналдо својот глас му го дава на Меси.

„Меси како да не е од оваа планета. И Кристијано е посебен, но ми делува дека Лео е комплетен играч. Одличен е, ми се допаѓа повеќе од било кој друг фудбалер во светот. Се што прави е спактакуларно“, рекол Роналдо.

Англиската фудбалска икона Дејвид Бекам смета дека Роналдо не е на нивото на Меси.

„Веројатно решив да се повлечам од фудбалот кога меси трчаше покрај мене“, признал Бекам.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Британскиот тенисер Енди Мареј ќе се врати на теренот на 18 мај во Женева

Реал Мадрид и Баерн Минхен ќе се пресметаат за вториот билет на „Вембли“

Панатинаикос му се приклучи на Реал на кошаркарскиот фајналфор