Утрински Весник
Свет

Дипломат на ЕУ: Доцна е да се договори сè со Лондон

Неуспешни итните разговори на ЕУ и Британија во Лондон

До крајот на годината и истекот на преодниот рок нема да може да се договори сè и да се ратификува договорот со Велика Британија за Брегзит, сметаат во Брисел.

„Крајниот рок за постигнување договор е веројатно до 31 декември, но веќе знаеме дека не е можно да се договориме за сè и да се добие ратификација во Европскиот парламент. Верувам дека е премногу доцна за тоа, сега треба да видиме што ќе се случи потоа”, рече висок дипломат на ЕУ.

Во Брисел нагласуваат дека интензивните преговори со Лондон се во тек и дека резултатите во форма на договор за идните односи сè уште се чекаат.

„Да видиме дали ќе се случи до крајот на оваа недела или кога и да е или дали воопшто ќе се случи“, заклучи дипломатот на ЕУ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Велика Британија: Температурата во училниците повисока од 40 степени Целзиусови

Јапонската вселенска агенција го изведе првиот пробен лет на ракета за повеќекратна употреба

Извор за иранските медиуми изјавил дека нема да има преговори додека САД не се повлечат од своите ставови