Утрински Весник
Спорт

Депај се опорави од повредата на коленото и ќе започне со тренинзи за една недела

Три клуба од Серија „А“ заинтересирани за Депај

Лион, 30 мај 2020 (МИА) – Фудбалерот на Лион, Мемфис Депај се опорави од повредата на вкрстениот лигамент на коленото објави „AD“.

Според изворот, 26-годишниот Холанѓанец ќе започне со тренинзи во општата група за една недела.

Лион не го брза фудбалерот, сепак, клубот е сигурен дека играчот ќе биде во форма до август.

Депај има 14 голови и две асистенции на 18 натпревари за Лион во сезоната 2019/20. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Русија се враќа на светските првенства во хокеј на мраз

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката