Утрински Весник
Македонија

Денеска се вакцинираат пратениците

Денеска се вакцинираат пратениците

Во „А1 арената Борис Трајковски“ денеска ќе се вакцинираат пратениците од Собранието како дел од критичната инфраструктура опфатена во Националниот план за ковид-имунизација.

Од Министерството за здравство велат дека вакцинирањето на пратениците и вработените во Собранието е од клучна важност за нормално функционирање на законодавниот дом и непречено носење закони во интерес на граѓаните.

„Од почетокот на имунизацијата во нашата земја, во согласност со Националната стратегија, таргетирани се три главни приоритетни групи со цел да се обезбеди функционирање на здравствениот систем, да се заштитат лицата со најголем ризик од заболување, компликации и смрт, како и да се одржат основните услуги на критичната инфраструктура“, соопшти Министерството за здравство.

Во „А1 арената СЦ Борис Трајковски“ во тек е вакцинација на возрасни лица од 73 и 74 години, а во здравствените домови во државата се вакцинираат лица постари од 73 години. Веќе следната недела, со доаѓањето нови дози вакцини, ќе има измена на приоретизацијата и преминување на приоритетните или субприоритетните групи од една во друга фаза на вакцинација.

На 14 овој месец беа вакцинирани собраниските служби.

Можете да прочитате

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ гласаше против повисоки плати за Армијата и пожарникарите

Сиљановска-Давкова на прием кај Ердоган пред Самитот на НАТО во Анкара

Жена пронајдена почината во домот во Аеродром