Утрински Весник
Македонија

Демократски сојуз: Европска унија – да, уцени – не, треба конечно да се однесуваме државнички

Демократскиот сојуз ја повикува Владата да побара поддршка од земјите членки на НАТО кои се истовремено членки на ЕУ, да обезбедат деблокада на почетокот на преговорите на Македонија со Европската Унија.

„Влијателните членки на ЕУ, како Германија и Франција, можат да издејствуваат Бугарија да го тргне ветото за почеток на преговорите без било какви условувања и уцени, бидејќи барањата на официјална Софија се спротивни на европските критериуми и анахрони на 21 век. Воедно изразуваме резерви кон искажаните ставови на државно-политичкиот врв дека има единствен став кај партиите од власта и опозицијата, Бугарите да бидат вградени во Уставот, како замена за започнување на преговорите со ЕУ, заборавајќи ги притоа Македонците во Бугарија. Европска унија – ДА, уцени – НЕ, треба конечно да се однесуваме државнички и со дигнитет!“, велат од Демократскиот сојуз.

Можете да прочитате

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни

Осма жртва од западнонилска треска