Утрински Весник
Македонија

Дезинфекција на кејот на реката Вардар

Дезинфекција на кејот на реката Вардар

Скопје, 6 јуни 2020 (МИА) – Екипи на Град Скопје и на Противпожарната бригада денеска спроведоа акција за миење и дезинфекција на кејот на реката Вардар.

Миењето се реализираше со цистерни со специјално средство за дезинфекција на јавните површини на кејот на Вардар, а се дезинфицираше и урбаната опрема.

– Град Скопје континуирано реализира активностите за чистење и дезинфекција на јавните површини во градот се со цел да се подигне нивото на јавната хигиена и да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на коронавирусот, а во текот на изминатиов период ЈП „Комунална хигиена“ секојдневно спроведува машинско миење со автоцистерни и дезинфекција на поголемите улици и булевари во сите скопски општини, како и рачно миење и дезинфекција на најфреквентните јавни површини во централното градско подрачје. Постојано се дезинфицираат и садовите за собирање отпад поставени на територијата на градот Скопје – подземните и надземните контејнери и нивната микролокација, информираат од Градот. бак/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кривична пријава за дрвокрадец од Прилеп

За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код

(Видео) Штекли осуден на осум години затвор