Утрински Весник
Спорт

Галатасарај и официјално и го сврте грбот на Евролигата

Галатасарај и официјално и го сврте грбот на Евролигата
300x250 (7)

Истанбул, 6 јуни 2020 (МИА) – Трет турски тим ги напушти турнирите под покровителство на Евролигата и се приклучи на Лигата на шампионите на ФИБА.

По Дариушафака и Тофаш, Галатасарај сега официјално избра да се натпреварува на турнирот на Меѓународната кошаркарска федерација.

Ss1

– Како КК Галатасарај, кој континуирано ја претставува турската кошарка од основањето и успешно ја претставува нашата земја со своите меѓународни успеси, со задоволство ви најавуваме дека ќе учествуваме во Лигата на шампионите во ФИБА од сезоната 2020/21. Лигата на шампионите е најголемиот турнир на ФИБА на клупско ниво, зголемувајќи ја вредноста на брендот со секоја измината година, што означува почеток на значителна промена во европската кошарка, велат од клубот.

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Шкендија ги искористи киксовите на Струга и Шкупи да им се придружи на врвот

Штербик доживеал срцев удар – 24info.mk

Ѓоковиќ се раздели со уште еден тренер од својот тим