Утрински Весник
Македонија

Двајца тешко повредени во судир на трактор и комбе на патот Росоман-Кавадарци

Двајца тешко повредени во судир на трактор и комбе на патот Росоман-Кавадарци

Две лица се тешко повредени во судир на трактор и комбе на патот Росоман-Кавадарци, на мостот на Црна Река.

Според првичните сознанија, до несреќата дошло во момент кога тракторот и комбето се движеле во ист правец, еден зад друг. Притоа возачот на комбето удрил во задниот дел од тракторот, го дестабилизирал и тој излетал од патот. Во несреќата возачот на тракторот на возраст од 69 години се здобил со тешки животозагрозувачки повреди и е пренесен на лекување на скопските клиники, додека 27-годишниот возач на комбето се здобил со телесни повреди.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на патот Росоман-Кавадарци, на мостот на Црна Река, каде утрово се случи сообраќајна несреќа меѓу трактор и комбе наменето за транспорт на леб од Скопје за Кавадарци.

Во насока на утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител издаде повеќе наредби, меѓу кои и наредба за анализа на примероци од крв и урина на учесниците во сообраќајната несреќа, наредба за технички преглед на возилата и сообраќајно вештачење.​​

Според првичните сознанија,

Можете да прочитате

Серафимовски: Откупната цена на вранецот ќе изнесува 21,8 денари, а на смедеревката 20 денари за килограм

Кузеска: Мицкоски го спаси Груевски за „Талир 2″ и го врати криминалниот имот

Мицкоски за ослободителната пресуда за случаите Талир 1 и Талир 2:  Конечно правдата е задоволена за ВМРО-ДПМНЕ