Утрински Весник
Македонија

Даштевски: Ако има потреба гласањето и изборниот молк ќе траат и до 22 часот

Даштевски: Ако има потреба гласањето и изборниот молк ќе траат и до 22 часот
Ss2

Гласањето ќе продолжи и по 19 часот на сите избирачки места на кои ќе има метеж и гласачи кои дошле на гласање но не го оствариле правото до 19 часот, најави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски. Колку време ќе биде продолжено гласањето зависи од бројот на лица кои не успеале да гласаат.

„И ние во овој момент не знаеме за колку време ќе биде продолжено гласањето. Ако има потреба да се гласа до 22, ќе се гласа до 22 часот“, рече претседателот Даштевски.

Img 5587

Во моментот кога ќе заврши гласањето Даштевски најави дека ДИК на прес – конференција ќе го соопшти тоа и ќе ја извести јавноста, без разлика на тоа за колку часа ќе биде одложен крајот на гласањето.
Изборниот молк ќе трае се додека не заврши гласањето. Редици граѓани кои чекаат за гласање се видливи речиси на сите избирачки места. Претседателот Даштевски вели дека и до нив стигнуваат такви информации.
Тој уште еднаш кажа дека има неколку причини за големиот метеж на гласачките места односно, избирачкиот список кој има многу повеќе страни отколку што имал претходно затоа што имаме рекорден број на листи, една четвртина од отпечатоците што ги добиле од МВР се со лош квалитет, а дополнително треба да се внимава на ковид – мерките. Попладнево тој ги извести избирачките одбори дека наместо еден, како што беше предвиден, во просторијата може да пуштаат и повеќе гласачи односно дозволено е да влезат онолку луѓе колку што има гласачки места плус едно лице на кое ќе му се прави проверка.
Даштевски уште еднаш апелираше на сите избирачки места да се постави по едно лице кое ќе воведува ред и бележи кој стигнал на местото за гласање или во дворот до 19 часот.
Одзивот на гласањето до 17 часот е 41,38 отсто, а гласале 547.284 лица.

Ss1

Можете да прочитате

Османи: Граѓаните сами одлучуваат кого ќе поддржат во вториот круг

Ванковска објави дека нема да гласа за Силјановска Давкова, обвини дека е под постојан притисок од ВМРО – ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ потврди дека Мицкоски се сретнал со Таравари