Утрински Весник
Македонија

Изборни инциденти во Гостиварско – тепачка и случај на фотографирање на гласачко ливче

Изборни инциденти во Гостиварско – тепачка и случај на фотографирање на гласачко ливче

МВР информира за два изборни инциденти во кои попладнево учествувале гласачи од Гостиварско.

Во првиот настан, околу 14 часот и 30 минути уапсен бил приведен 36-годишниот З.А. од Гостивар, кој се сомничи дека на избирачкото место број 423, лоцирано во гостиварско СТОУ, со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче.

Во вториот случај, во 14 часот и 50 минути полициски службеници на СВР Тетово го привеле Н.С.( 62) од гостиварското село Речане, поради сомнение за учество во тепачка со друго лице од истото село, која се случила во дворот пред основното училиште „Лирија“, каде е сместено избирачкото место 528.

Полицијата презема мерки за расчистување и документирање на двата случаја.

Можете да прочитате

Пендаровски: Силјановска ја цитира бугарската УДБА

Вечерва започна молкот за изборите на 8 мај

Пендаровски кон Силјановска: Два труда имате објавено на Скопус, што сте работеле како професор?