Утрински Весник
Магазин

Дасти Хил, басистот на „Зизи топ“, почина на 72 годишна возраст

Дасти Хил, басистот на „Зизи топ“, почина на 72 годишна возраст

Дасти Хил, басистот на американскиот блуз рок-бенд „Зизи топ“ (ZZ Top), почина на 72-годишна возраст.

Членовите на бендот Били Гибонс и Френк Берд соопштија дека Хил починал во сон во неговиот дом во Хјустон, Тексас. Тие не дадоа повеќе детали.

Претходно во јули, бендот објави дека Хил нема да свири на претстојните настапи поради повреда на колкот.

Познат по својата бујна брада и очила за сонце, Хил свиреше со „Зизи топ“ повеќе од 50 години.

„Ние, заедно со легиите фанови на ZZ Top низ светот, ќе ни недостига твоето непоколебливо присуство, твојата добра природа и постојаната посветеност кон нашиот бенд“ напишаа Гибонс и Берд во соопштението.

“Ќе недостасуваш многу, амиго.“

„Зизи топ“ е формиран во 1969 година, а следната година го одржа својот прв концерт во живо.

Можете да прочитате

Што да јадете кога сте мамурни? Храна што го олеснува опоравувањето

Состојка која го чисти шпоретот за миг

Над 80 отсто од животните-скитници во Турција се згрижени