Утрински Весник
Свет

Земјотрес со јачина од 8 степени по Рихтер ја погоди Алјаска, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 8 степени по Рихтер ја погоди Алјаска, издадено предупредување за цунами
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Земјотрес со јачина од 8,2 степени според Рихтер се случи во близина на Алјаска, а издадено е предупредување за цунами за Северните Маријански острови и Гуам, објави Американскиот институт за геолошки истражувања (USGS).

Pet Utrinski

Во соопштението се наведува дека земјотресот бил регистриран на 105 километри југоисточно од градот Перивил, во близина на брегот на Алеутските Острови.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Институтот претходно потврди дека јачината на земјотресот е најмалку 7,2 степени според Рихтеровата скала, а подоцна забележа дека може да достигне и 8,2 степени. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 35 километри.

Американскиот систем за предупредување од цунами соопшти дека земјотресот бил со јачина од 8,1 степени, додека Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) објави дека јачината на потресот била осум степени според Рихтер.

Можете да прочитате

Путин назначи нов заменик министер за одбрана

Џенет Јелен ќе ги повика САД и Европа да дејствуваат заедно за користењето на замрзнатите руски средства

Најавен штрајк на аеродромските работници во Париз