Утрински Весник
Македонија

Град Скопје: Пуштени во функција нови портални семафори на крстосница меѓу булевар Босна и Херцеговина и улица Лазар Трповски

Град Скопје: Пуштени во функција нови портални семафори на крстосница меѓу булевар Босна и Херцеговина и улица Лазар Трповски

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ ги пуштија во функција новите портални семафори кои се поставени на крстосницата меѓу булеварот Босна и Херцегоцина и улицата Лазар Трповски. На порталните семафори деновиве ќе бидат поставени и бројчаници, соопштија од Град Скопје. Поставувањето на светлосна сигнализација на оваа крстосница, како што велат од таму, е со цел зголемување на безбедноста на сообраќајот во овој дел од градот.

„Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“ континуирано постапуваат согласно барањата на граѓаните за зголемување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот, преку реконструкција на постојната и поставување на нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, е наведено во нивното соопштение.

Можете да прочитате

Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела

До 18 часот осум активни пожари, три под контрола

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски