Утрински Весник
Македонија

Гости нападнале сопственик на кафеана во Дебар Маало, не сакале да си одат во 21 часот

Вработена како обезбедување нападнала скопјанец во барака на Општина Кисела Вода

Гости нападнале сопственик на кафеана во Дебар Маало и искршиле дел од инвентарот затоа што не сакале да си одат во 21 часот, до колку што сега работат угостителските објекти.

Според информациите на МВР, вчера З.В.(53) од Скопје пријавил во полиција дека во 14.20 часот, додека бил во неговиот угостителски објект во Дебар Маало, едно лице физички го нападнало, а другото оштетило дел од инвентарот.

Според пријавеното, на ова претходела вербална расправија, бидејќи претходниот ден истите лица не сакале да го напуштат локалот по завршување на работното време.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хаос за влез од Грција во Македонија

Гори околу Скопје, активни пожари во општина Сарај и општина Ѓорче Петров

Уапсени 11 возачи, осум возеле без возачка дозвола