Утрински Весник
Свет

Голема рација во Данска уапсени шест исламисти

Голема рација во Данска уапсени шест исламисти

Полицијата и разузнавачките служби на Данска уапсија шест лица осомничени за тероризам за време на рациите во Архус и Копенхаген, соопшти полицијата.

Мажи, на возраст од 27 до 35 години, се сомничат дека припаѓале или ја финансирале терористичката милиција Исламска држава (ИД), се вели во полициското соопштение.

Двајцата се товарат за патување во Сирија летото 2015 година, каде беа регрутирани во ИД. Петмина се обвинети за финансирање терористички активности.

Лидерот во групата се чини дека е 29-годишен маж кој ги искористил останатите четворица како посредници за да префрлаат пари на луѓе блиски до ИД, соопшти полицијата.

Во февруари 13 лица беа уапсени во Данска за време на антитерористичка акција во случај кој води и до Германија.

Минатата недела шест од нив беа ослободени од притвор.

Можете да прочитате

Во Аргентина стапката на сиромаштија достигна 32,3 отсто во првата половина од 2026 година

Пезешкијан: Одлуката за ставање крај на војната е во рацете на САД

Арапските партии дисквалификувани од изборите во Израел, одобрено учеството на крајнодесничарската „Оцма Јехудит“