Утрински Весник
Македонија

Утре облачно со услови за дожд, од наредните денови затоплување со температури над 30 степени

Утре облачно со услови за дожд, од наредните денови затоплување со температури над 30 степени
Ss2

Утре претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе има појава на локална нестабилност со врнежи од дожд. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната од 19 до 25 степени, инфомираат од УХМР.

Во Скопје претпладне ќе биде умерено облачно а попладне со повремен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде околу 9, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Ss1

Под влијание на топла воздушна маса од југ во следните денови ќе има значително затоплување со дневни температури кои на места ќе бидат и над 30 степени, велат од Управата.

Во ноќта кон недела и во недела претпладне во западните делови ќе има услови за локален дожд.

Ss1

Можете да прочитате

Овие пет хороскопски знаци се најголемите нарци

ВИДЕО: Се запали казино во Охрид

Агим Красниќи и уште тројца други македонски државјни уапсени во Косово