Утрински Весник
Свет

Германски имунолог: Омикрон варијантата можеби потекнува од пациенти со ХИВ

Германски имунолог: Омикрон варијантата можеби потекнува од пациенти со ХИВ
Img 5587

Изненадувачки големиот број на мутации откриени на шилестиот протеин кај новата варијанта на коронавирусот, наречена омикрон, може да укажува дека истиот потекнува од пациенти со ХИВ или некоја друга форма на имунодефициенција, изјави германскиот имунолог и секретар на Германското здружение на имунолози, Карстен Вацл.

Тој смета дека ваквата претпоставка е веродостојна и ја поткрепил со слични истражувачки резултати откриени во други медицински случаи.

300x250 (7)

ХИВ е вирус на хумана имунодефициенција, а името го добил како кратенка од англискиот назив Human Immunodeficiency Virus. Предизвикува уништување на имунолошкиот (одбранбен) систем на организмот и доведува до појава на разни болести.

Имунодефициенција е слабост и неспособност на имунолошкиот систем на организмот да се бори со разни болести. Вацл додава дека кај луѓе со ослабен имунитет, вирусот може да се реплицира во текот на неколку недели.

„За време на овој процес, може да се појават повторени изолирани мутации, што можеби нема да му дадат никаква предност на вирусот, но тие сепак би можеле да продолжат да се размножуваат бидејќи имунолошкиот систем не е во состојба да ги контролира“, објаснува експертот. Тој додава дека таков процес може да резултира со дополнителни мутации и таквата комбинација може да му даде дополнителна предност на вирусот.

Во споредба со оригиналниот вид на коронавирус, кој првпат се појави во Вухан, Кина, омикрон има невообичаено голем број – околу 30 промени на аминокиселините само на шилестиот протеин, поради што е толку многу променет што постоечките антитела е тешко да го препознаат, а следствено на тоа тешко е да се открие и на тестовите.

 

Ss1

Можете да прочитате

Во Мексико телата на исчезнатите туристи се пронајдени на дно во бунар

ОН ја осудија забраната на Ал Џезира во Израел

Унгарската опозиција протестираше против Орбан