Утрински Весник
Свет

Германија отвора воен центар за вакцинација

Германија отвора воен центар за вакцинација

Германската војска првпат ќе дозволи 24-часовна вакцинација во еден од нејзините центри во западниот дел на државата, објавија властите.

Центарот за вакцинација „Љебах“ во покраината Сар ќе биде отворен 24 часа на ден од недела и ќе работи во три смени за да овозможи вакцинирање 1.000 лица дневно. Во целата земја војската може да понуди вакцинирање во 28 слични центри сè додека се достапни пратките на вакцини. Министерката за одбрана, Анегрет Крамп-Каренбауер, рече дека овој потег е дел од големата национална кампања за вакцинација.

Поради бавното темпо на вакцинирање во Германија, властите редовно беа критикувани од почетокот на годината, а последното откажување од најавеното заострување на велигденските ограничувања дополнително ја поткопа довербата во владата дека успешно се справува со пандемијата.

Можете да прочитате

Членот на израелскиот воен кабинет Ганц најави заминување од Владата ако до 8 јуни не биде усвоен новиот воен план

ИДФ апелира Палестинците од крајбрежните населби да се евакуираат во северниот дел на Газа

Шолц наместо во изборна кампања направи обиколка на поплавените региони во Германија