Утрински Весник
Култура

Млади пијанисти од Штип за пет месeци освоија 37 награди

Млади пијанисти од Штип за пет месeци освоија 37 награди

Од општина Штип велат дека се расадник на талентирани пијанисти, нагласувајќи дека само во оваа учебна година, млади таленти за 5 месеци освоиле 37 награди на Интернационални натпревари во Америка, Русија, Јапонија, Канада, Белгија, Грузија, Украјна и Словенија.

„Огромен аплауз за Михаел Тимотеј Пастоњицки, Душица Митрева, Михаела Мирова, Теодора Ноемина Пастоњицки, Бисера Јанева, Габиана Стоименов, Драгана Костова, Јована Гркова, Весна Самоникова, Климентина Бојаџиева и Марко Насковски. Сите се од класата по пијано на магистер Марија Максимова“, се вели во соопштението на градските власти.

Од таму особена пофалба упатуваат до Михаел Тимотеј и Теодора Ноемина Пастоњицки кои добиле покана за настап во познатата концертна сала Карнеги Хол во Њујорк.

„Како едни од лауреатите на Интернационален музички натпревар, Јована Гркова има покана за настап во Грузија,  a Михаел Тимотеј Пастоњицки доби покана за настап во Москва“, додаваат од општина Штип.

Текстот Млади пијанисти од Штип за пет месeци освоија 37 награди е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“