Утрински Весник
Свет

ГЕРБ на Борисов до Собрание го поднесе предлогот за решавање на спорот со Скопје

Пратеничките групи на ГЕРБ-СДС и ДПС доставија два нацрти до Народното собрание за решавање на спорните прашања меѓу Софија и Скопје, јави известувачот на Бгнес.

Документот на ГЕРБ се нарекува „Нацрт-акција на Советот на министри за одобрување на нацрт-преговарачка рамка и нацрт-заклучок на Советот на ЕУ за европска интеграција на Република Македонија“. Предлог-одлуката е поднесена утрово.

Синоќа беше доставен документот на ДПС, како што најави лидерот на партијата Мустафа Карадај по изгласувањето недоверба со кое беше урната владата на Кирил Петков. Документот на Движењето е наречен „Предлог-одлука за одобрување на нацрт-преговарачката рамка на француското претседателство за преговори за членство на РС Македонија и Албанија во ЕУ“, предложена од француското претседателство.

БГНЕС потсетува дека францускиот предлог се состои од три независни елементи кои целосно можат да одговорат на прашањето дали РСМ е подготвена да ги започне преговорите за членство во ЕУ, пишува медиумот.

Првиот документ, нацрт-заклучоците на Советот, кажува дека темата „билатералните односи Скопје-Софија“ ќе биде дел од преговарачкиот процес. Овој документ, како и вториот документ, преговарачката рамка, се однесува на трет, клучен документ – билатерален протокол во кој нема ништо француско и целосно е производ на договор меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји. Ова е всушност патоказот со конкретни заложби и фази кои Скопје мора да ги спроведе за возврат да го укинеме ветото, пренесува Бгнес.

Можете да прочитате

Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо

Портпаролот на терористичката „ИД“ го пофали нападот што го изврши во концертна сала во московскиот регион

Трагедија во Јужна Африка: 45 лица загинаа во автобуска несреќа