Утрински Весник
Македонија

Генчовска во Скопје – го осуди инцидентот во Битола

Министерот Бујар Османи и неговата колешка од Бугарија, Теодора Генчовска заедно со тимовите на министерствата за надворешни работи денес одржаа работна средба како дел од дводневната работна посета во Македонија.

Разговорите протекоа во пријателска и конструктивна атмосфера во функција на продолжување на дијалогот меѓу двете министерства за надминување на отворените билатерални прашања согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и унапредување на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија, информираат од Министерството за надворешни работи.

„ Разговорите ќе продолжат и во текот на наредниот ден и дополнително ќе се интензивираат во периодот кој претстои во насока на изнаоѓање на взаемни решенија за остварување на споделената цел за унапредување на европската иднина на Северна Македонија.

За време на средбата заеднички беше остро осуден инцидентот во Битола. Двете министерства ќе продлжат да наоѓаат взаемно прифатливи решенија и да ги унапредуваат билатерталните односи помеѓу двете земји“ се наведува во соопштението на МНР.

Можете да прочитате

Спасовски: Грижата за животната средина е одговорност на сите нас

ИЈЗ: Ја следиме состојбата со хантавирусот, во моментов нема регистрирани случаи

Претреси во Кичево и кичевско, пронајдени пушки и куршуми, приведено едно лице