Утрински Весник
Свет

Генералното собрание на ОН усвои резолуција со која се осудува нападот врз Украина

Генералното собрание на ОН денеска усвои резолуција со која се осудува, како што се вели, руската инвазија на Украина и се повикува Москва веднаш да ги повлече своите сили од земјата.

За резолуцијата гласаа 141 од 193 членови на Генералното собрание, пренесува „Ројтерс“.

Резолуцијата беше усвоена на крајот на вонредната седница на Генералното собрание свикана од Советот за безбедност, која започна во понеделникот.

Текстот Генералното собрание на ОН усвои резолуција со која се осудува нападот врз Украина е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Роботакси „украло“ куфери, возилото Waymo отиде во друг град со багажот на патниците

Удвоен бројот на случаи на хантавирус во Аргентина

Директорот на СЗО: Ова не е нов Ковид