Утрински Весник
Свет

Ганг Џун: Кина е загрижена за новиот стратегиски концепт на НАТО

Кина е длабоко загрижена за импликациите на новиот стратегиски концепт на НАТО, изјави постојаниот претставник на Кина во Обединетите нации, Ганг Џун.

„Кина посветува многу време на стратегиската адаптација на НАТО и е длабоко загрижена за политичките импликации на таканаречениот стратегиски концепт. Некои лидери на НАТО неодамна прикажаа друга земја како закана“, рече Ганг во своето обраќање до Советот за безбедност на ОН, пренесува ТАСС.

Тој го повика НАТО да не ја користи украинската криза како изговор за поттикнување на светска конфронтација или нова студена војна, пишуваат светските медиуми.

Кинескиот дипломат, исто така, кажал дека кризата околу Украина се развива на долготраен и непредвидлив начин и дека Пекинг оценува дека преговорите остануваат единствениот начин за решение.

Тој кажал дека Кина ги поддржува директните разговори меѓу Русија и Украина и му честита на посредништвото на генералниот секретар на ОН за извозот на жито, меѓу другите напори што ОН ги прават за да се стави крај на овој конфликт, пренесува ТАСС.

Можете да прочитате

Песков најавува преговори за Украина во Абу Даби во почетокот на ноември

Товарен брод потона во Црното Море кај Констанца по сомнителен напад со дрон; еден морнар е загинат

Најмалку 16 лица загинаа, 54 се повредени во земјотрес на Тибет со јачина од 7 степени