Утрински Весник
Свет

Сведоштво кое може скапо да го чини Трамп

Поранешната советничка во Белата куќа, Кесиди Хачинсон сведочеше пред комисијата на Претставничкиот дом за нападот на приврзаниците на Трамп на Капитол.

Според нејзиното сведочење, поранешниот американски претседател Доналд Трамп знаел дека утрото на 6 јануари 2021 година, само неколку часа пред бунтот во Капитол, бунтовниците биле тешко вооружени и ги охрабрил чуварите да ги пропуштат.

„ Не ми е гајле, по ѓаволите, тие имаат пиштоли“, рекла Хачинсон пред комисијата, потсетувајќи се на она што Трамп го кажал утрото на 6 јануари.

„ Тие не се тука да ме повредат. Исклучете ги детекторите за метал. Пуштете ги моите луѓе. Тие можат да одат од овде до Капитол“.

Комитетот одржа три сослушувања за нешто повеќе од една недела и се обидува да докаже дека Трамп постапил незаконски, обидувајќи се да ја оспори својата загуба на изборите.

Кога дознал дека поворката се враќа во Белата куќа, тој наводно се обидел да го грабне воланот и се борел со агент на тајната служба.

„ Јас сум е***иот претседател. Однесете ме во Капитол“ – наводно викал Трамп.

По нејзиното сведочење, извор близок до Тајната служба изјави за CBS дека и агентот и возачот кои биле во автомобилот со Трамп биле подготвени да сведочат под заклетва дека поранешниот претседател не нападнал физички никого и не се обидел да го грабне воланот.

Можете да прочитате

Во Индија почнаа парламентарните избори кои ќе траат до 1 јуни

САД ставија вето на барањето на Палестинците за полноправно членство во Обединетите нации

Експлозии во Иран, американски медиуми јавуваат за израелски напади