Утрински Весник
Свет

Брнабиќ: Србија се обидува да ја задржи позицијата на независно и самостојно одлучување

„Ние сме на прагот на Третата светска војна и се наоѓаме во тешка ситуација, но се трудиме да ја задржиме позицијата на независно и самостојно одлучување, што е исклучително тешко, но кое е најпаметно, најдобро, најхрабро и најмудро“, рече Брнабиќ гостувајќи во Српската радио-телевизија.

Брнабиќ посочи дека енергетиката ќе биде главна тема на агендата на идната влада. Таа забележува дека прашањето за енергетиката денес е политичко прашање и дека благодарение на кредибилитетот и врските што ги има претседателот Вучиќ, Србија за краток временски период успеала да обезбеди гасен аранжман со Унгарија, пишуваат српските медиуми.

Енергетиката ќе биде најважната тема на агендата на идната влада, изјавила Брнабиќ и додала дека се работи на изнаоѓање решение.

„Јасно кажавме дека ќе ги заштитиме цените и куповната моќ на граѓаните и конкурентноста на стопанството, ќе се трудиме да издржиме што подолго, во овој момент цената на струјата кај нас е три до пет пати пониска отколку во ЕУ“, кажала таа.

Можете да прочитате

Нови ирански напади врз Кувајт, Јордан и Бахреин

Речиси 100 американски војници повредени во ирански напади за две недели

„Рајанер“: Прелиминарната истрага за инцидентот со прозорецот упатува на оштетување на моторот од „туѓ предмет“