Утрински Весник
Македонија

Вработената во геронтолошкиот завод во Скопје е негативна на Ковид-19

Почнува масовниот скрининг за Ковид-19

Скопје, 26 мај 2020 (МИА) – Вработената во геронтолошкиот завод во Скопје, која на 24 мај преку скринингот во оваа установа е запишана со позитивен резултат, е негативна на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство.

– Кај лицето кое на 24 мај, преку скринингот во геронтолошка установа во Скопје е запишано со позитивен резултат, направен е технички превид при евиденција и согласно испрвката направена е корекција на вкупната статистика. Вработената во геронтолошкиот завод во Скопје е негативна на вирусот и досега, освен два позитивни резултати во градинка во Битола и во Скопје, не се регистрирани други позитивни случаи преку скрининг, се вели во соопштението.

Преку скринингот што почна на 13 мај досега се направени 2248 тестови. мс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мавровско Езеро порибено со 400 килограми риба, воведена двомесечна забрана за лов на крап

Јаневска: Обвинувањата на СДСМ за условите во „Стив Наумов“ не се точни, студентите живеат во еден од најубавите и најмодерни домови на Балканот

Врховниот суд ги укина пресудите за пожарот во тетовската модуларна болница