Утрински Весник
Македонија

Во Штип ќе се поставува монтажна болница

Во Штип ќе се поставува монтажна болница

Кај Клиничката болница во Штип ќе се поставува монтажна болница со капацитет од 56 кревети.

„Денеска вршиме увид на местото кадешто ќе се поставува монтажна болница. Активностите во смисла на потребната инфраструктура се во тек. Почнуваме со подготовка на сите оние инфраструктурни инсталации, водовод, канализација, електручно напојување така да очекуваме во догледно време да ги завршиме сите обврски што ги имаме како локална самоуправа, за да може понатаму Министерство за здравство да го заврши останатиот дел“, истакна в.д. градоначалникот на Штип, Јане Миланов.

Претставниците од јавните претпријатија „Стипион“ и „Исар“ информираа дека во наредните три недели ќе ги завршат нивните обврски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Македон Димитровски примен во престижната програма за талентирани млади на „Џонс Хопкинс“

Апасиев ја објави отфрлената пријава за закана: „Да собираме пари за погреб на Апасиев”, „смрт”, „бензин и кибрит” за Обвинителството биле политички говор

Ѓорѓиевски откри: Три од четирите сензори на жичарницата на Водно не функционирале