Утрински Весник
Свет

Ватикан: Папата им нуди бесплатно тестирање на бездомниците и сиромашните во Рим

Ватикан: Папата им нуди бесплатно тестирање на бездомниците и сиромашните во Рим

Папата Франциско им нуди бесплатни тестови за коронавирус на сиромашните и бездомниците во Рим, како дел од римокатоличката прослава на Денот на сиромашните, соопшти Ватикан.

Тестовите може да се направат на Клиниката Свети Петар, која Папата пред неколку години ја обезбеди со основни медицински материјали за најсиромашните кои живеат во околината на Ватикан.

Италија во средата ја премина бројката од еден милион заразени со коронавирус, што ја прави една од 10-те најтешко погодени земји во светот, според бројките на „Ројтерс“.

Архиепископот Рино Физикела пред новинарите изјави дека дневно се прават околу 50 тестови за коронавирус и дека оваа иницијатива ќе продолжи на неодредено време.

Оние кои се негативни на тестот, добиваат сертификат со кој можат да добијат засолниште, додека оние кои се позитивни на коронавирус се испраќаат на лекување.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Италија издаде највисоко ниво на предупредување за жештини за Рим и уште три други градови

Се менува демографската слика на ЕУ: помалку млади, повеќе стари до 2100, по пикот во 2029 година населението ќе почне да опаѓа

Иран соопшти дека нацрт-договорот со САД ќе ја обнови пловидбата низ Ормуската Теснина и ќе ѝ стави крај на поморската блокада